Татко и ќерка нападнале полицајци на кошаркарското дерби меѓу МЗТ и Работнички

t

Во невообичаен инцидент на вчерашното скопско „вечно“ кошаркарско дерби меѓу МЗТ и Работнички, 50-годишен скопјанец бил агресивен кон полицајци, а 19-годишна девојка, која според иницијалите и возраста веројатно е негова ќерка, и физички ги нападнала.

„На 06.02.2023 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и 19-годишната С.С., двајцата од Скопје. По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански”, М.С. се однесувал агресивно кон полициски службеници, а С.С. физички ги нападнала додека извршувале службени дејствија“, соопшти МВР.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ин меморијам: Почина Јанко Луковски

Стигна тажна вест од Нови Сад. На…

Работнички со пораз ги почна квалификациите во ФИБА…

Кошаркарките на скопски Работнички со убедлив пораз…

Парични казни за МЗТ Скопје и за…

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го…

Татко и ќерка нападнале полицајци на кошаркарското…

Во невообичаен инцидент на вчерашното скопско „вечно“…

Полиција упадна во куќа во Зајас!

На 29.10.2022 околу 19:00 часот, врз основа…