Објавено на:

Татко претепал син во Кавадарци

t

Приведен е кавадарчанец за физички напад врз неговиот син, информираат денеска од СВР – Велес.

Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода К.М., на возраст од 51 година, по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот 27-годишен син. Според пријавеното, во нападот учествувал и другиот негов син Е.М., а биле употребени метален и дрвен предмет, при што на 27-годишникот му била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, појаснуваат од СВР – Велес.

К.М. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по комплетно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…