Тачи не го поддржува протестот за правосуден да се полага на албански јазик, ги обвинува ДУИ за политичка манипулација

t

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, остро реагираше на најавениот протест на албанските студенти поради неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит, опишувајќи го како политичка манипулација.

Тачи изјавил дека, иако студентите можеби се во право и можат да бидат поддржани, начинот на кој се организирани овие протести претставува, според него, „најперфидна форма на легитимирање на неуспесите“ на ДУИ.

Тој додал дека овој пристап е измама кон албанското јавно мислење во Македонија и кон меѓународната заедница, споредувајќи ја ситуацијата со старите периоди кога Албанците бараа минимални права, пренесуваат медиумите на албански јазик во земјава.

Според Тачи, неприфатливо е што во 21 век сè уште се бара развој на правосудниот испит на албански јазик, нагласувајќи дека неговата партија не ги поддржува таквите пристапи.

Тој, исто така, изразил сомнежи за вмешаност на разни политички фактори, но нагласи дека неговиот став се базира на лично политичко искуство.

Денес во 12.30 частот, студентите Албанци по право излегуваат на протести, а причината е како што наведуваат неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит. Протестите започнуваат од плоштадот „Карпошово востание“, а крајната точка е Министерството за правда. Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи и најави посебен сообраќаен режим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи не го поддржува протестот за правосуден…

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух…

Ахмети: Уставниот суд е инструмент за дестабилизирачки…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во отворено…

ДУИ: Спроведување на Законот за јазиците наместо…

Секоја нова иницијатива која има за цел…

ДУИ: Изјавата на премиерот за албанскиот јазик…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара мерки за заштита на животниот…

Демократската унија за интеграција преку соопштение изрази…