Тачи: Самоопределување прави лош преседан, што ако влезе и Русија?

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, предупредува дека вмешувањето на косовската Самоопределување во изборите во Македонија може да биде опасен преседан. Според него, добро е што ЕУ не ѝ отвори пат на Албанија, бидејќи тогаш „ние тука би останале како деца сами во темниот двор“.
-Не е ништо ново или не е ништо недозволиво политичка партија од Косово или од Албанија да искаже поддршка за некоја партија тука. Но, тоа е лош преседан кога таа партија (Самоопределување) е на власт. Мора да постојат многу изговори или алиби заради тоа што може од Србија или од Русија да има импликации во политичкото организирање на македонските партии.
Мислам дека поради тешкотиите што ги има, Косово нема таков комодитет за да врши таква интервенција. Затоа, не треба да им даваме аргументи на другите, на нашите противници и да ги легитимираме интервенциите, од Русија, на пример – рече Тачи на партиски собир во Тетово.
Што се однесува до претстојните парламентарни избори, Тачи рече дека неговата партија ДПА е подготвена за изборен натпревар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…