Тајланд и Кина ги укинуваат визите за нивните државјани
Тајланд и Кина се договорија да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, изјави денеска тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара.
Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Договорот е потпишан за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Тајланд. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина го гради најголемиот аеродром во светот
Dalian Jinzhou Bay International моментално се гради…
Медиуми: Си Џинпинг нема да патува во…
Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да отпатува…
Медведев во Пекинг, ќе ги продлабочува односите…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во…
Кина повика да се изнајде „политичко решение“…
Кина воведува санкции за 13 американски воени…
Кина одлучи да воведе санкции за 13…