Тајмс: Ненадејно починал клучниот сведок за случајот „Сараево сафари“
Клучен сведок во истрагата за наводните платени снајперски „излети“ за време на опсадата на Сараево ненадејно починал, објави британски Тајмс.
Станува збор за Славко Алексиќ, поранешен водач на српска паравоена формација и самопрогласен четнички војвода, кој починал во Требиње на 69-годишна возраст. Според достапните информации, Алексиќ претходно немал сериозни здравствени проблеми. Неговата смрт се случила во момент кога во Италија е отворена нова истрага за таканаречениот „Сараево сафари“ – обвиненија дека за време на војната во 1990-тите богати странски државјани плаќале за да пукаат врз цивили во опколеното Сараево.
Според Тајмс Алексиќ за време на опсадата ја контролирал зоната околу Еврејските гробишта над Сараево, една од најпознатите снајперски позиции од кои градот бил систематски гранатиран и гаѓан. Српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ изјавил дека Алексиќ бил исклучително важен сведок затоа што можел да открие кој пукал и кој ја организирал целата мрежа.
Смртта на Алексиќ следи кратко по отворањето на истрага во Милано, насочена кон можни воени злосторства поврзани со т.н. „човечки сафари“. Овие наводи се појавија и во документарниот филм „Sarajevo Safari“ од 2022 година, на словенечкиот режисер Миран Зупанич, во кој се тврди дека странски „туристи“ од Русија, Канада и САД за време на викендите доаѓале на околните ридови за да пукаат врз цивили, со посебни тарифи за гаѓање деца.
Адвокатот Стојковиќ изнесе сомневање дека смртта на Алексиќ може да биде поврзана со тековната истрага, нагласувајќи дека станува збор за негови лични тврдења. Тој изјави дека, според него, постои разумна основа за сомнеж во можна вмешаност на српските безбедносни структури.
Кон крајот на ноември, Алексиќ дал интервју за српска телевизија во кое тврдел дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, немал никаква поврзаност со снајперските дејства за време на опсадата на Сараево, демантирајќи ги претходните јавни обвинувања на таа тема.
Истрагата во Италија е покрената по кривична пријава поднесена од италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени, кој тврди дека посетителите плаќале од 70.000 до 88.000 фунти за пристап до снајперски позиции за време на војната. Преживеаните од Сараево изразуваат надеж дека истрагата ќе доведе до целосно расветлување на една од најмрачните епизоди од војната во Босна и Херцеговина и до најстроги казни доколку наводите се потврдат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тајмс: Ненадејно починал клучниот сведок за случајот…
Клучен сведок во истрагата за наводните платени…
Се огласи Арсовска за загадувањето во Скопје:…
Според податоците на меѓународната платформа Climate TRACE,…
Внимание: Екстремно загадување во Скопје! Почнуваат да…
Скопје повторно и поголемиот дел од Македонија…
Украина почнува нов круг разговори со САД…
Украинските мировни преговарачи почнуваат нов круг разговори…
Албанија со најголем пад на населението во…
Населението на Албанија се намалува со многу…