Тајната за виталност на Владимир Путин: Силата ѝ ја должи на една намирница, а еве како го започнува денот

t

За Владимир Путин често се вели дека е ноќна птица, бидејќи поради бројните обврски и различните временски зони во Русија, тој е принуден да работи до полноќ. Затоа првиот утрински оброк му е напладне.

„Ако сакате да го насмеете Владимир Путин, дајте му опасно куче и јајца од препелица“.

Овие и многу други интимни факти за рускиот претседател се појавија во книгата на Бен Џуд „Кревка империја:

Како Русија се заљуби во Владимир Путин“, во која тој ги објавил резултатите од тригодишното истражување и анализа за еден од најмоќните луѓе на планетата.

Појадокот на првиот човек на Русија изгледа вака: омлет од јајца од препелица, чинија овесна каша со неколку кришки сирење, пишува Newseek.

Заедно со појадокот, Путин обично пие домашен сок од репка и рен.

По обилниот појадок, претседателот на Русија го пие првото утринско кафе, а потоа оди на тренинг, кој обично се состои од пливање и кревање тегови.

Кревањето тегови е негова секојдневна рутина која го прави силен и витален и на тоа се посветува по кратка пауза од пливањето.

Обично не руча бидејќи нема време, па затоа има лесна вечера со млечни производи, особено кефир. Неговата исхрана воглавно може да се дефинира како медитеранска, а најчесто избегнува преработени производи и алкохол. Сепак, повремено сака да пие вино или пиво, а се буди со зелен чај. Меѓу неговите омилени пијалоци е сокот од репка со малку рен.

Не консумира слатки, но има една храна на која не може да ѝ одолее, а тоа е сладолед.

Житарките често се на неговото мени, ваквите каши го продолжуваат чувството на ситост и го стабилизираат шеќерот во крвта.

Бидејќи повеќе сака риба отколку месо, има доволен внес на омега-3 масни киселини. Внесот на лесни протеини се балансира со јагнешкото и на тој начин обезбедува доволно извори на железо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девизните резерви на Русија срушија нов историски…

Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…

Макрон: Не е време за укинување на…

Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…