Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа беа бесценети“

t

„Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девојка од странство, која оставила податоци како да ја најдеме. Се инспирирав од летни мотиви, а камчињата ги оставав по плажите на првиот крак, но и скришно ги подметнував под пешкири на деца кои многу се радуваа кога ќе ги најдат“ – Тања од Скопје си нашла забавно хоби на одморот летово и усреќила многу туристи.
Тања Трајковска од Скопје работи како сметководител скоро 20 години, а заедно со сопругот Томислав и двете деца Даријан (16 години) и Ивана (11 години), летово биле на одмор во Полихроно.

Додека нејзините деца се занимавале на свој начин, а сопругот ловел риба, таа си нашла интересно хоби и почнала со специјални фломастери да исцртува камчиња и да ги остава по плажа.
Иако вели дека нема посебен талент, сепак камчињата се мини ремек-дела кои ги усреќувале случајните минувачи по плажите кои ќе ги најдат.

Повеќе на crno belo mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и…

„Идејата ми дојде откако претходно на Водно…

Експлозија пред седиштето на железничката компанија „Хеленик…

Инаку, компанијата „Хеленик трејн“ учествуваше во најтешката…

Земјотрес од 4,6 степени во Грција

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер се…