ТВ 24 дознава постпразнично власта планира да ги разреши членовите на Судски совет избрани од Собранието

t

Власта планира да ги разешува членовите на судски совет избрани од Собранието, постпразнично членовите кои ги избра судскиот совет ќе се најдат на тапет пред собранието. Според информациите на телевизија 24 од висок владин функционер, планот на власта е откако не помина извештајот за работата на судскиот совет за минатата година во законодавниот дом, мнозинството да ја искористи можноста што и ја дава законот за судски совет, да почне постапка за разрешување на судиите кои тие ги избрале.

Откако извештајот за работата на судскиот совет не помина во Собранието , апсолутно согласно закон ќе отвориме расправа за работата на судиите кои што ги избира Собранието, која очекуваме да заврши со нивно рарзешување.

Вели за тв 24 висок владин функционер. Официјално од Владата само велат дека адресата е во Собранието.

Како Влада ги истакнуваме заложбите за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, а со цел да ја приближат нашата држава до европските стандарди и за овие значајни прашања посветено сме фокусирани.

Според информациите на тв 24 , за ова била информирана и претседателката на државата Гордана силјановска Давкова , бидејќи меѓу судиите кои ги избра собранието, двајца се на предлог на екс шефот на државата Стево Пендаровски. Дека власта игра на оваа опција, веќе во 24 анализа најави и заменикот за правда Ален Деребан. Дел од невладините кои ја следат работата на судството не ја искучувата оваа опција.

Паралелено во министерството за правда завршија јавните дебати за новиот закон за судски совет со кој што се заоструваат критериумите за избор на членови на суски совет . Како дел од владината програма на Христијан Мицкоски стои комплетно распуштање на судскиот совет , а многупати премиерот тоа и го кажа , на што реагира ше меѓународниот фактор . А дек Ек езагрижена за најавите з араспуштање ан судскиот совет стои и во извештајот од Брисел. Судии кои се избрани од Собранието се пет – Селим Адеми Павлина Црвенковска ,Весна Дамева , Миљазим Мустафа , Тања Чачарова Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ спроведе 62 вонредни контроли: повлечени новогодишни…

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство…

Мора да купуваат наш гас и нафта:…

Во 2023 година, трговската нерамнотежа меѓу САД…

Извршена трансплантација на ахилова тетива од починат…

Министерството за здравство информира дека на Клиниката…

Ахмети: Албанците се гневни – не може…

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации…

Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ:…

Католиците ширум светот денеска го слават Бадник,…