Тежок пораз на Шолц: Германските демохристијани победија на изборите во Шлезвиг-Холштајн
Христијанско-демократската унија (CDU) е победник на изборите во неделата во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, додека владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD) на канцеларот Олаф Шолц доживеа тежок пораз.
Спред првите официјални нецелосни резултати, CDU предводена од досегашниот покраински премиер Даниел Гинтер освоила 42,6 отсто од гласовите, што е за 11,8 отсто повече отколки уна последните изнор за парламентот на Шлезвиг-Холштајн во 2017 година.
На сојузното ниво владејачката SPD, пак, во најсеверната сојузна покраина доживеа тежок изборен поота со сатмо 15,7 отсто гласови, што е за 11,8 проценти помалку отколку на претходните избори прет пет години.
Второпласирана е партијата на Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) која со 17,32 отсто добила 4,3 отсто повеќе гласови отколку во 2017 година.
Либералите Слободни демократи (FDP), коишто со демохристијаните и зелените како помали партнери последните пет години беа во коалицската власт во Шлезвиг-Холштајн, освоиле 7 отсто од гласовите, што е малку послаб резултат отколку на претходно избори.
Во покраинскиот парламент со 6,1 отсто од гласовите влегуваат и претставниците на данското и фирзиското малцинство SSW, кои според Уставот на оваа сојузна покраина, и онака, без оглед на изборниот праг, би влегле во парламентот.
Според прелиминарните резултати, десната европскептична партија Алтернатива за Германија (AfD) со 4,9 отсто од гласовите ниту овојпат нема да влезе во покраинскиот парламент.
Според првичните анализи, успехот на CDU се должи на популарноста на досегашниот премиер Даниел Гинтер. Во анкетите избирачите сметаат дека тој покраината ја водел низ пандемиската кра подобро од премиерите на другите сојузни покраина.
Социјалдемократите, пак, го доживеа историскиот пораз на северот на Германија благодарејќи на релативно непознатиот конадидат Томас Лосе-Милер, како и на перцепцијата на избирачите дека SPD ги загубала комептенциите кога станува збор за традиционалните социјалдемократски теми, како што е на пример социјалната праведност.
Демохритстијанскиот премиер Гинтер сега има можност да ја води коалицијата само со еден партнер, а предвид покрај досегашните коалициски партнери зелените и либералите, доаѓа и партијата на малцинствата SSW.
Изборите во Шлезвиг-Холштајн се сметаат за сигнал за исборите следната седмица во најнаселената германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалијам каде што на власт сега е CDU. Тамошните избори, поради важноста на покраината, се нарекуваат и „мали сојузни избори“ и се главниот показател за популарноста на новата социјалдемократско-зелено-либерлана влада на канцеларот Олаф Шолц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фолксваген укинува 35.000 работни места во Германија…
Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе…
Саудиска Арабија ја предупредила Германија за осомничениот…
Саудиска Арабија ја предупреди Германија за човекот…
Напаѓачот во Германија е Саудиец, масакрот го…
50-годишен доселеник од Саудиска Арабија е напаѓачот…
(Видео) Автомобил влета во Божикен базар во…
Возило влетало во толпа во Германија, според првичните информации…
Германија и покрај многуте проблеми сѐ уште…
Германија, и покрај многуте проблеми, сè уште…