Тежок удар за Брисел: Tрамп најави сигурни царини за ЕУ
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови своите закани за воведување царини на производите од Европската унија, обвинувајќи ја Унијата за нефер трговски практики.
Говорејќи синоќа во Белата куќа Трамп рече дека „апсолутно“ ќе воведе царини за стоките од ЕУ, додавајќи дека САД се третирани „ужасно“ и тврдејќи дека европските пазари се главно затворени за американскиот извоз.
-Не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат земјоделските производи, во основа, ништо не земаат, рече тој.
Американскиот претседател укажа на големиот трговски дефицит меѓу САД и ЕУ, ветувајќи дека ќе преземе „значајни“ мерки против Унијата, иако не даде дополнителни детали.
За време на неговата изборна кампања, Трамп ги спомна плановите за воведување нови царини од 10 до 20 отсто на увозот од ЕУ, велејќи дека тоа ќе ја поттикне домашната индустрија и ќе го реши трговскиот дефицит.
За време на првиот мандат на Трамп, имаше жесток трговски конфликт меѓу САД и ЕУ. Во 2018 година, Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум, што ја натера ЕУ да одговори со царини за американски производи како што се бурбон, мотоциклите „Харли-Дејвидсон“ и фармерките
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…