Објавено на:

Телефонски разговор Блинкен-Јанша: Благодарност до Словенија за поддршката на територијалниот интегритет на Украина

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Словенија, Јанез Јанша, при што тој се заблагoдарил на Словенија за јасно укажаната поддршка за суверенитетот и триторијалниот интегритет на Украина.

Државниот секретар ја истакнал потребата од силна одбранбена асистенција во одговор на бруталната војна на Русија, изјави портпаролот Нед Прајс.

-Тој ги осуди страшните злосторства извршени од руските сили во својата непровоцирана и неоправдана војна против Украина, и ја истакна потребата да се бара одговорност од Москва.

Блинкен и премиерот Јанша дискутирале и за словенечката кандидатура за членство во Советот за безбедност на ОН во 2024-2025 година.

-Секретарот го повтори убедувањето на САД дека Словенија е мошне добро квалификуван кандидат кој, ако биде избран, ќе биде кредибилен глас за учество во одржување на меѓународниот мир и безбедноста, истакна Прајс.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протекоа информации за тоа што им кажал…

Борбите не можат да траат со месеци,…

Блинкен ќе ја истакне лидерската улога на…

 Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе…

Блинкен призна за несогласувањата во Стејт департментот…

Државниот секретар Антони Блинкен призна дека постојат…

Блинкен вети дека американската поддршка за Украина…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и вети…

Блинкен: Русија обезбедува технологија и поддршка на…

Русија обезбедува „технологија и поддршка“ за воените…