Тензии во БиХ: Изетбеговиќ ги повика НАТО да интервенираат

t

Заменик-претседателот на Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ и претседател на СДА, Бакир Изетбеговиќ рече дека заклучоците на Народното собрание на Република Српска за трансфер на надлежностите од БиХ на РС се антидејтонски активности и меѓународната заедница и НАТО мора да реагираат доколку Територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина е загрозен.

На прашањето како ги коментира последните изјави на кои доаѓаат од Унгарија, која гледа „проблем во интеграцијата на два милиони муслимани од БиХ во ЕУ“, Изетбеговиќ рече дека не верува дека порптпаролот на унгарска влада можел да даде таква оценка без притоа да биде овластен или барем да присуствувал на изрекување на такви ставови на политичари во Будимпешта

„За нас муслиманите, секој национализам, особено расизмот е неприфатлив и не можеме да го разбереме. За нас е нејасен системот на вредности што го застапува Орбан, тој вид европски национализам. Бошњаците се европски народ. изјави Изетбеговиќ за БИР ТВ.

Босна и Херцеговина е една од најстарите земји во Европа, додека Унгарците дојдоа од Урал, од Азија: „Но, без разлика, на крајот сите сме еднакви и еднакви луѓе. Орбан и луѓето околу него забораваат дека европските цивилизации и култури не би постоеле без компонентата воведена од муслиманите. Во сè, во науката, културата, ренесансата, астрономијата, медицината“, порача Изетбеголвиќ.

Тој се осврна и на најавата на Народното собрание на РС и на рокот од шест месеци за усвојување на сет закони за трансфер на надлежностите од ниво на БиХ на ниво на БиХ – ентитет, што е јасно кршење на Уставот на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот мировен договор, пренесува агенцијата Фена.

Доколку не реагира меѓународната заедница на овие најави може слободно да ја напуштат БиХ. Мора да реагираат и Обвинителството на БиХ, Уставниот суд на БиХ, и полицијата. Обвинителството се повлече пред еден од насилниците на Милорад Додик. Во случај на напад на територијалниот интегритет на БиХ, тогаш мора да дејствуваат вооружените сили на БиХ и НАТО“, рече Изетбеговиќ.

Изетбеговиќ изјави и дека верува во решеноста на меѓународната заедница да го спречи Милорад Додик да ја уништи федерацијата, и дека наскоро ќе прекинат провокациите од Бања лука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

И директори на МТВ во македонската делегација…

На политичката сцена во Македонија се уште…

Кулеба: Украина не може да чека уште…

Ветувањето дека Украина ќе стане членка на…