Тензии на Косово: Градоначалникот на Звечан со полициска придружба си влезе во кабинетот

Претседателот на општина Звечан, Илир Пеци, денеска за да влезе во својата канцеларија бил придружуван од полиција, пренесе Дукаџини.
„Да, моментално сум во кабинетот на градоначалникот. Конечно сме добро, сега сум во канцеларија, а за останатото ќе видиме. Под полициска придружба сум, немам повеќе информации “, кратко рече Пеци.
Инаку, припадниците на косовската полиција денеска влегоа во зградата на општина Звечан, употребувајќи солзавец и шок бомби, при што беа повредени десетина лица кои беа примени во болницата во Косовска Митровица. На сите им е укажана помош и се со полесни повреди.
Илир Пеци вчера положи заклетва како претседател на општина Звечан во основното училиште „Иса Болетини“ во селото Болетин. На изборите што ги бојкотираа Србите, тој доби 114 гласа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Населението на Косово забрзано старее
Според податоците на Агенцијата за статистика на…
Во последните три години од Косово заминале…
Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…