Тензично пред црквата Свети Спас: Полицијата не им дозволува на граѓаните да се поклонат на гробот на Гоце Делчев

t

Пред Црквата Свети Спас, кадешто се наоѓа гробот на Гоце Делчев во моментот има зголменено полициско присуство.

Полицијата не им дозволува на граѓаните да влезат во црквата и да се поклонат пред нашиот великан.

Во моментов во црквата има поголема група на граѓани со знамиња и цвеќиња, спремни да оддадат почит на големиот Делчев.

Денес се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев, еден од најголемите македонски револуционери и борци за слободата на Македонија.

По тој повод делегации на Собранието, Владата, Бугарија и групи и здруженија на граѓани треба да оддадат почит на Великанот со пригодна церемоја во Црквата Свети Спас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ