Теодоракис: Не е точно дека Грција е центар за обука на терористи

Изјавите на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу дека Грција е центар за обука на терористи се провокативни и немаат врска со вистината и реалноста и цела Европа го знае ова, вели министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос, јави дописничката на МИА од Атина.
Теодорикакос, додава дека „Турција продолжува да ги злоупотребува несреќните луѓе, нелегални мигранти, како што го стори тоа во март 2020 година, туркајќи ги, многупати насилно, кон нашите граници, кои се границите на Европа со Турција“.
„Нема да го дозволиме тоа. Ги браниме нашите граници во име на меѓународното право“, истакна грчкиот министер.
Како што пренесуваат грчките медиуми, министерот за внатрешни работи на Турција, Сојлу рекол дека Грција обучува членови на ПКК во Лаврио во близина на Атина, по што следеше и демантот од Теодорикакос.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турската полиција употреби водени топови против студентите…
Студентите утрово се собраа во близина на…
Грција одделува 25 милијарди евра за одбрана,…
За време на специјалниот самит во Брисел…
Минималната плата во Грција од 1 април…
Од 1 април годинава, минималната плата во…
Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…
Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…
Во САД одбележан Денот на независноста на…
Воената соработка на Вашингтон со Атина е…