Тепачка на броење гласови во Приштина, интервенираше и полицијата!

Во центарот за пребројување гласови во Приштина дошло до инцидент меѓу членовите на избирачките одбори на Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово при што интербенирала косовската полиција, пренесуваат медиумите во Приштина.
Телевизијата АТВ прикажа видео од инцидентот, кој започна како вербален, а продолжи со туркање меѓу членовите на одборот, по што интервенира косовската полиција.
Пребројувањето на гласовите за кандидатите за пратеници на собранието на Приштина требаше да почне утрово во 20 часот во сите 38 општини, но почна дури по 16 часот и тоа само во четири општини – Приштина, Обилиќ, Липљан и Партеш.
Во исто време, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека прелиминарните резултати не се познати ниту по 24 часа од завршувањето на изборите и ја обвини владата дека привремените институции ја „заробиле“ и ЦИК.
Харадинај рече дека извештаите што неговата партија ги добива од терен сведочат за „организирана шема на манипулација со изборните резултати“ и побара итна истрага.
ЦИК во Приштина вечерва ги објави прелиминарните резултати од изборите врз основа на преброените гласови на 99,57 отсто од избирачките места, а претходно синоќа во 19 часот и 10 минути на веб-страницата на ЦИК беа објавени најновите податоци врз основа на податоците од 99,17 отсто од избирачките места.
Според податоците објавени вечерва, Движењето Самоопределување освоило 40,86 отсто од гласовите, а на второ место е Демократската партија на Косово со 22,04 отсто од гласовите.
Според податоците објавени на веб-страницата на ЦИК, на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 17,62 отсто, на четврто е Алијансата за иднината на Косово со 7,45 отсто, а на петта е Српската листа со освоени 4,50 отсто од гласовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Населението на Косово забрзано старее
Според податоците на Агенцијата за статистика на…
Во последните три години од Косово заминале…
Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…
Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа…
Министерството за одбрана на Косово денеска ги…