Тероpистот од Париз: Загрижен сум за страдањата на муслиманите
Француската полиција уапси радикален 25-годишен исламист кој во саботата вечерта во Париз уби германски турист и рани уште две лица.
По апсењето изјави дека нападот го извршил затоа што бил загрижен „за страдањата на муслиманите, особено во Авганистан и на палестинските територии“, со обвинение дека Франција е соучесник во тоа, објави денеска францускиот министер за за внатрешни работи, Џералд Дарманин, и нагласи дека напаѓачот за време на апсењето извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем).
„Оваа личност беше подготвена да убие уште луѓе“, рече Дарманин за време на прес-конференција.
Напаѓач ментално болен
Француското обвинителство за борба против тероризмот потврди дека отворило истрага за овој напад во кој исламски екстремист бркал неколку германски туристи со нож, уби еден човек, а потоа со чекан повреди уште две лица.
Напаѓачот не беше идентификуван по име, но беше потврдено дека е роден во париското предградие Ноји, дека поминал четири години во затвор и бил ослободен во 2020 година, по што бил под надзор и на психијатриско лекување.
Нападот се случил во 15-тиот арондисман на Париз, а напаѓачот потоа ја преминал реката Сена на десниот брег, каде со чекан нападнал и повредил две лица.
Потоа бил запрен од полицијата и неутрализиран со два електрошокови, рече министерот Дерманин и ги пофали полицајците за брзата реакција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во Париз: Откажано е натпреварување поради…
Нов скандал се случи на Олимписките игри…
Мојсовска не се пласираше во финалето на…
Анастасија Мојсовска денеска настапи на ЛОИ во…
Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…
Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…