Тесла, БМВ и кинески компании ќе ги оспорат на суд царините од ЕУ

t

Производителите на автомобили Тесла, БМВ и кинеските компании SAIC, Geely и BYD ги оспоруваат дополнителните царини на ЕУ за увоз на електрични автомобили од кинеско производство со тужба пред Европскиот суд на правдата.

Европската комисија од крајот на октомври, покрај десетте отсто царина, наплаќа и дополнителна давачка до 35 отсто за автомобилите и батериите од кинеско производство, пишува еКапија.

Кина се пожали на Светската трговска организација (СТО) поради таа одлука, која ја смета за протекционистичка. Покрај тоа, Кина иницираше антидампинг мерки за увоз на свинско месо, млечни производи и алкохолни пијалоци од ЕУ.

ЕУ вели дека со дополнителната тарифа сака да воспостави фер услови со конкурентни производители од Кина, за кои вели дека имаат корист од кинеските државни субвенции, за да ја одбрани европската автомобилска индустрија со 14 милиони работни места од таа практика на Кина, која долго време е под истрага од страна на Европската комисија.

Царините на ЕУ се последица на порадикални мерки на САД – царина од 100 отсто за сите електрични автомобили увезени од Кина.

Водечките производители од Германија, вклучувајќи го и BMW, произведуваат многу модели во Кина, од кои некои ги увезуваат во ЕУ.

Американскиот производител Tesla го произведува својот успешен Model 3 во Шангај и го извезува во Европа.

Висината на европските тарифи варира од 7,8 отсто за возилата на Tesla, произведени во Шангај, над 17 отсто за BYD, 18,8 отсто за Geely и 35,3 отсто за возилата SAIC.

Другите производители кои соработувале во истрагата на ЕУ добиле дополнителна давачка од 20,7 отсто, а оние кои не добиле 35,3 отсто.

Пазарниот удел на кинеските електрични автомобили во ЕУ скокна од помалку од два отсто во 2020 година на повеќе од 14 отсто во вториот квартал од минатата година, соопшти ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тесла, БМВ и кинески компании ќе ги…

Производителите на автомобили Тесла, БМВ и кинеските…

Возач преврте „БМВ“ во Тетово

Вечерва во Тетово се случи сообраќајна несреќа…

И покрај санкциите, БМВ продал повеќе од…

Германскиот производител на автомобили Бе-Ем-Ве откри дека…

Уапсени двајца стружани, му го запалиле „БМВ“-то…

Двајца млади жители на Струга вчера биле…

Запалено БМВ во Лојане

„Вчера во 07:34 часот во СВР Куманово…