Тетовец возел со 3,94 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
Лишен од слобода тетовец, управувал возило со 3,94 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
На 02.11.2025 во 01:30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Ј.С.(47) од Тетово. Претходно, тој со неговото патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски таблички учествувал во сообраќајна незгода со возио „ауди“ со хрватски национални ознаки во која е причинета само материјална штета. При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека Ј.С. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,94 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец возел со 3,94 промили алкохол во…
Лишен од слобода тетовец, управувал возило со…
Тешка сообраќајка на автопат во Србија –…
Едно дете загина, а седум деца и…
Сојузот на борци од Тетово: Изјавите на…
Сојузот на борци од Народнослободителната и антифашистичка…
Лишени од слобода две лица во Тетово,…
На 24.10.2025 во 00:30 часот на улица…
Лишени од слобода тетовци кои нападнале полициски…
Лишени од слобода две лица во Тетово…