Лишени од слобода тетовци кои нападнале полициски службеници – кај едниот е пронајдена марихуана
Лишени од слобода две лица во Тетово кои физички нападнале полициски службеници. Кај едниот е пронајдена и марихуана.
Како што информираат од МВР, ноќеска (24.10.2025) во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.
Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што е пронајдена марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода тетовци кои нападнале полициски…
Лишени од слобода две лица во Тетово…
Мојсоска: Срам да и е на Левица…
Срам да и е на Левица што…
Касами победата во Тетово ја прослави со…
Вчера вечер по победата на Биљал Касами…
Лишено од слобода лице во Скопје, пронајдена…
Пронајдена марихуана кај скопјанец, лишен од слобода.…
Апасиев: Чичко Тоше кој со палица се…
Драги ТЕТОВЧАНИ Се сеќавате ли на оваа…