Тешка несреќа на автопатот Скопје – Куманово – загинаа 34-годишен маж и малолетно лице, две лица уапсени!
На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско.
Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…