Тешка сообраќајка кај Градско – едно лице почина, тројца повредени

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди.

Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „бмв“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци.

Од здобиените повреди починал Љ.О. а останатите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и извршен е увид од СВР Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка кај Градско – едно лице…

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10…

Мицкоски најави убедлива победа на локалните избори…

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

МОН: Почнува пријавувањето на наставниците за обуката…

Наставниците од средните училишта во државата можат…

Кавадарчанецот пред казино е убиен со клоци…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…

Турција произведе своја „Челична купола“ – според…

Системот беше најавен минатата година во август,…