Тешка сообраќајка на булеварот Гоце Делчев – возач со автомобил удрил во велосипедист кој починал на лице место

t

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж, кој починал на самото место.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот се судриле патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице, и велосипедист. По несреќата, возачот го оставил возилото и избегал од местото на настанот.

Во тек е увид, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот. Поради несреќата, сообраќајот на булеварот е пренасочен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка на булеварот Гоце Делчев –…

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје попладнево…

Русопулос: Европската единственост не е подарок од…

Вашиот напредок е значителен и извонреден. Парламентарното…

Мицкоски во Брисел на „Euronews Enlargement Summit“

Премиерот Христијан Мицкоски ќе земе учество на…

Во болница почина затвореник од „Идризово“

МВР информира дека синоќа во 20:41 часот…

Медведев: Колку повеќе пари, толку пострашен ќе…

Колку повеќе средства Западот троши за поддршка…