Тешка сообраќајна несреќа во гостиварско

t

Вчера во 18.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат во гостиварски Градец, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(44) од с.Градец, удрило во застанато патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било запрено од Н.И.(46) од истото село.

Во несреќата, возачот Р.Б. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот во возилото „пасатот“, Н.Р. се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…

МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…

Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…

Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…

Деветгодишно дете тешко повредено откако го прегазиле…

Девојче на возраст од девет години од…

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…