ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ОХРИД-КИЧЕВО: Едно лице почина
На 15.06.2022 околу 02.30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун.
Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид.
Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…
Турист прегазил пензионер од Охрид
Возач на „Мерцедес“ од Србија вчера во…
Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на…
Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…
Работник почина по пад при изведување градежни…
Утрово во 09.24 часот во СВР Охрид,…