Тешки муабети со Филип Петровски вечерва во 21 часот!
Вечерва со почеток од 21 часот следете ја денешната епизода на Тешки муабети заедно со Александар Митовски, Милош Милошевски и нашиот ко-водител Филип Петровски.
Зборуваме за актуелните случувања во земјава, пред се лидерската средба на партиите од владејачката коалиција кои вечерва зборуваат за влегување на Алијанса за Албанците во Владата.
Како што претходно ексклузивно објави Инфомакс, според нашите извори се е веќе договорено, а Таравари ќе ги добие министерствата за здравство и правда.
Емисијата може да ја следите во живо на нашиот You Tube канал и на официјалната Фејсбук страница на Инфомакс.
Ве повикуваме да се вклучите во дебатата и да поставувате прашања и во нашата Телеграм група за дебата.
Следете не!