Тешко е повреден мотоциклист од Грчец, се судрил со „Југо“ во Сарај
Во тешка сообраќајна несреќа која се случила во скопското село Сарај вчераутро, тешко е повреден мотоциклист од селото Грчец, соопшти МВР.
„На 01.04.2025 во 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Дарданија“ во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(52) од Скопје и мотоцикл управуван од В.М.(43) од село Грчец, скопско. Во несреќата В.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје“, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…