Тешко него: Полска му забрани влез на Лавров во земјата
Русија ја осуди и ја оцени како провокативна одлуката на официјална Варшава која одби да му дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да влезе на нејзина територија каде што требаше да учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ.
– Одлуката на Полска е провокативна и без преседан – се вели во соопштението на руската дипломатија.
Варшава не само што се дискредитираше на овој начин, туку и нанесе непоправлива штета на авторитетот на целата организација за европска безбедност и соработка, се вели во соопштението.
Полска, која го организира министерскиот состанок на ОБСЕ на почетокот на декември, вчера соопшти дека на Сергеј Лавров му бил одбиен влез на полска територија.
– Очекуваме Руската Федерација да ги избере членовите на својата делегација во согласност со сегашните прописи – изјави извор од ротирачкото полско претседателство со ОБСЕ. Истиот извор рече дека руската делегација не треба да испраќа „лица кои се санкционирани од Европската унија” на состаноците по руската офанзива врз Украина која започна на 24 февруари, а меѓу нив е и Сергеј Лавров.
Состанокот на 57-те министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе се одржи на 1 и 2 декември во Лоѕ, град во централна Полска. Официјална Москва соопшти дека руската делегација ќе ја предводи рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…