Тешко повреден Косовец во сообраќајка кај Градско
Шеесет и едногодишен Косовец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Велес-Градско.
„Вчера околу 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(28) од с.Ваташа, кавадаречко и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.У.(61) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник П.К.(60) од с.Долно Соње, општина Сопиште, констатирани во Општата болница Велес“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…