Тешко повреден малолетник кој со тротинет се судрил со кола во Кичево
Малолетник е тешко повреден откако со електричниот тротинет се судрил со возило во Кичево.
– На 10.08.2025 во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на НАТО: Преговорите за територијална отстапка…
Пред средбата на Доналд Трамп и Владимир…
Тешко повреден малолетник кој со тротинет се…
Малолетник е тешко повреден откако со електричниот…
Откриено најголемото нафтено наоѓалиште во 21 век
Британскиот енергетски гигант БП објави дека го…
Јанев во Тетово по вчерашното убиство: Полицијата…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Земјотрес во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…