Тешко повреден работник во Велес
Во СВР Велес вчера било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 55 годишниот Г.В.. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 15.30 часот при извршување работни задачи во фирма во Велес.
Увид на местото извршила увидна полициска екипа, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница, вчера попладне на Хирушкото одделение на болницата бил примен повредениот работник на кого му била укажана лекарска помош, по што бил испратен на Одделот радиодијагностика. Тој со резултатите бил испратен на хирург кој му укажал медицинска помош.
Поради специфичноста на повредите по два часа со возило со итна медицинска помош на велешката болница бил препратен на понатамошно лекување на Клиниката за трауматологија во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…