Тешко повреден 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, со трактор излетал од патот
Тешко повреден е 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, откако со трактор излетал од патот.
-Вчера околу 18 часот во ОВР – Неготино е пријавено дека во атар на село Долни Дисан, на место викано „Василева Чешма“, Љ.К. од ова неготинско село, управувајќи трактор „фергусон“, изгубил контрола и излетал надвор од патот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница – Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден 26-годишен жител на неготински Долни…
Тешко повреден е 26-годишен жител на неготински…
Маж загина откако се превртел со трактор…
Маж од гостиварско почина откако се превртел…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…
85-годишен возач удрил во паркирано „БМВ“ и…
85-годишен возач вчера се забил во паркирано…
Камион со храна се преврте во Газа…
Најмалку 20 лица загинаа кога камион со…