„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти корито на река во Босна
Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во коритото на пресушената река Бабишница, позната и како Бабина Река, во босанскиот град Зеница. Тој постојано го чисти плевелот од речното корито, а предизвика внимание на социјалните мрежи бидејќи нема униформа на јавното комунално претпријатие и се чини дека сето тоа го прави сосема сам, по своја иницијатива, пишуваат локалните медиуми.
„Без фанфари, без камери и аплауз, овој скромен човек едноставно работи. Зад него останува чист брег, а пред него восхитот на соседите кои прашуваат: „Кој е овој човек?“, го опишуваат човекот локалните страници на социјалните мрежи, кои го нарекуваат „тивкиот херој“.
Бабишница е мала планинска река долга околу 18 километри, која е притока на реката Босна. Во периоди на продолжена суша, реката често пресушува од мај до октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…
Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…