ТИКТОК ВЕЌЕ „НЕ ПАЛИ“ И ВО НЕПАЛ: Апликацијата е забранета, ги нарушувала „социјалната хармонија“ и „семејните структури“
Властите во Непал објавија дека ја забраниле употребата на апликацијата ТикТок во земјата, бидејќи, според нив, таа „ја нарушува социјалната хармонија и ги нарушува семејните структури“.
Како што пренесува „Економист“, овој потег уследи откако владата на Непал им нареди на компаниите кои управуваат со глобалните платформи за социјални медиуми да основаат локални канцеларии во земјата.
Непалските власти рекоа дека ТикТок има содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба и дека доведоа до конфликти во реалниот живот, кои бараа распоредување на органите за спроведување на законот и воведување полициски час, пишува „Њујорк Тајмс“.
Кинеската матична компанија на ТикТок не го коментираше случајот, но претходно таквите забрани ги нарече „погрешни“.
ТикТок е забранет во Индија од 2020 година, а апликацијата исто така предизвика загриженост во САД, ЕУ и во Канада, поради наводно споделување чувствителни податоци за корисници со кинеската влада.
Цела година, ТикТок се соочува со обвинувања за грижа за приватноста на корисниците, а висок функционер на оваа социјална мрежа дури се најде на сослушување пред американскиот Конгрес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украинска активистка се обидува да украде…
Утрово Украинка, активистка на движењето „Фемен“, се…
(Видео) Тепачка во НБА: Нуркиќ го „шлапна“…
Кошаркарите на Далас се радуваа на победа…
(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград,…
Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија…
Трамп го повика Врховниот суд да го…
ТикТок и неговиот сопственик ByteDance настојуваат да…
Словачка потврди дека се согласила да биде…
Словачка синоќа потврди дека се согласила да…