ТикТок пред американски федерален суд ги оспорува тврдењата за врски со кинеската Влада
Платформата TikTok ги оспори пред американски федерален суд тврдењата на Министерството за правда на САД дека оваа социјална мрежа има врски со кинеската Влада, барајќи од судот да го укине законот со кој се бара сопственикот на ТикТок, Кинеската компанија „Бајт Денс“ (Byte-Dance), да ги продаде средствата на платформата во САД или ќе се соочи со забрана.
Тик Ток вчера соопшти дека американското Министерство за правда погрешно тврди дека апликацијата претставува закана за националната безбедност на САД бидејќи може да и дозволи на кинеската Влада да собира податоци за Американците и тајно да манипулира со содржината на социјалните мрежи, пренесуваат британските медиуми.
Според законот, потпишан од американскиот претседател Џо Бајден на 24 април, Бајт Денс има рок до 19 јануари да го продаде ТикТок или ќе се соочи со забрана.
Белата куќа соопшти дека сака ТикТок повеќе да не биде во сопственост на компанија со седиште во Кина поради американска национална безбедност и не сака да ја забрани платформата.
Апелацискиот суд на 16 септември ќе одржи усна расправа за случајот ТикТок.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во јуни изјави дека никогаш нема да поддржи забрана за ТикТок.
Американската потпретседателка и демократска претседателска кандидатка, Камала Харис, во јуни и се придружи на платформата ТикТок, како дел од предизборната кампања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сепак водата не е најдобриот пијалок за…
Иако водата се смета за најздрав, а…
ТикТок пред американски федерален суд ги оспорува…
Платформата TikTok ги оспори пред американски федерален…
Израел нареди уште една евакуација во Газа…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска наредија нови…
Зеленски вели: Украина ги зајакна своите позиции…
Коментарите на украинскиот претседател доаѓаат откако портпаролката…
Бајден: Примирјето во Газа е поблиску од…
Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека…