Тимови од Пулмологија ќе вршат бесплатен скрининг на жителите во Трубарево

t

Жителите на Трубарево утре и задутре ќе имаат можност за бесплатен преглед од медицински тим кој ќе биде поставен на отворено. Од министерството за здравство соопштија дека скринингот за кој ќе бидат задолжени две медицински екипи од Клиниката за пулмологија ќе опфати комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи и ги повикаа сите жители на Трубарево да дојдат ја искористат можноста, особено лицата кои по пожарот во отпадот за опасни материи имаат проблеми со дишењето и дишните патишта.

Воздухот во Трубарево, по пожарот во складот за опасен отпад, има мало загадување кое е во рамките на нормалата за урбана средина покажале анализите на лабораторијата „Амбикон“ во штипскиот универзитет. Мерењата се спроведени во периодот од 14 до 18 септември, односно почнаа еден ден по пожарот, а мерните места се на 50 и 150 метри од локацијата на пожарот односно во дворот од основното училиште во Трубарево.

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Дејан Мираковски е дециден дека со петдневно мерење на квалитетот на воздухот не може да се направи квалитетна оценка и затоа препорачале мониторингот да продолжи и нагласи дека е клучно при процесот на чистење на отпадот зафатен со пожар да се запазат сите безбедносни мерки и да се следи состојбата со квалитетот на воздухот.

„Дополнителните анализи важни за потврдување на зоната на контаминација и за безбедноста на граѓаните се анализи на земјата и на водите, односно подземните и површински води во регионот“, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД Штип.

Од министерството за животна средина најавија дополнителни испитувања за утврдување на евентуално загадување на почвата во Трубарево.

Минатиот петок и министерството за животна средина ги соопшти резултатите од мерењата кои ги спроведе акредитираната лабораторија „Еуромак“ и кои покажаа дека имало 12 пати повеќе од дозволената количина на кадмиум во саботата околу 20 часот во столбовите чад од депонијата во Трубарево, чад кој ветрот го носеше кон Скопје и го покри градот. За 50 отсто зголемено загадување е детектирано и олово и арсен.

Обвинителството отвори истрага за кривично дело „Загрозување на животната средина и природа со отпад“ со која се опфатени фирмата „Ф групација“, Марјанчо Дамевски сопственик на компаниите „Нула отпад“ и „Ле Ман“, неговата ќерка Лора Дамевска и уште две лица. За Дамевски е триесетдневен притвор додека на останатите осомничени им е изречена мерката куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тимови од Пулмологија ќе вршат бесплатен скрининг…

Жителите на Трубарево утре и задутре ќе…

Скопјанец ја оставил својата малолетна ќерка да…

На 22.09.2025 година во 10:45 часот од…

Усвоена информација за склучување на договор за…

Владата на денешната 114 редовна седница ја…

Пандов: Телефон немаат само затворениците кои сакаат…

Верувам дека оваа година е намалена системската…

Aлбанска министерка го разреши својот заменик поради…

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана…