Тимур Дибиров си заминува од Вардар
После девет години во дресот на Вардар, една од иконите на црвено-црните Тимур Дибиров на крајот на сезонава ќе си замине од македонскиот ракометен шампион, откако ја објави својата конечна одлука, иако плановите на рускиот репрезентативец му биле да одигра уште една година пред да замине во пензија.
Дибиров во Вардар дојде кога почна да се создава моќниот македонски ракометен првак, беше еден од темелите на клубот, кој во 2017 и 2019 година стигна до две европски титули и доминираше во македонскиот ракомет, но сега левото крило заминува како еден од последните што останаа од шампионските генерации кои ја покорија Европа.
„Оваа сезона е моја последна во дресот на Вардар. За жал овој меч со Веспрем во Скопје беше мој последен во Лигата на шампионите и најмногу што би сакал е во Битола да победиме, да ја освоиме титула и така да се збогувам со Вардар. Ова е моја одлука!
Мој план беше следната сезона да ми е последна, некаде на средина да објавам дека се повлекувам. Не е проблем во парите, ниту зборувам дека не сум добил договор, едноставно…“, рече Дибиров во интервју за „Само Ракомет“.
Дибиров е еден од најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите со над 1.000 голови, остварување кое го имаат малкумина во европскиот ракомет.
Извор: Спорт1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Комити повторно го поздравија Миленко: „Пу*и…
Навивачката група „Комити“ и на денешниот натпревар…
Графит на Комити: Во Вардар нема место…
*Објава на навивачката група Комити на Фејсбук:…
Комити до Миленко: „Кога еден ден ќе…
„Кога еден ден ќе останеш сам, џабе…
(Видео) „И зошто ми иде да плачам…
Фудбалскиот клуб Вардар во соработка со Црвена Звезда организира хуманитарен натпревар…
Предложен притвор за шестмина осомничени во акцијата…
Како резултат на вчерашната оперативна меѓународна акција…