Тинејџер од кочанско со нож тешко ранил 53-годишен човек

t

19-годишен жител на кочанското село Зрновци е уапсен откако со нож нападнал и тешко ранил 53-годишен жител на Кочани, кој поради сериозните повреди бил пренесен во скопскиот Клинички центар, соопшти МВР. Обидот за убиство се случил вчеравечер.

„На 22.04.2025 во 20:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А.(19) од с.Зрновци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Зрновци со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на В.Г.(53) од Кочани. На В.Г. му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљаноски: Гости на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ беа…

Пејачот Спасен Сиљаноски повторно го критикува ВМРО-ДПМНЕ…

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…

Мнозинството Американци се против војна со Иран

Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…

Кочанскиот градоначалник Крстевски седна во пицерија-дивоградба и…

Привремениот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, попладнево…

Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…