ТИНЕЈЏЕР УДРИ ВО МЛАДА ЖЕНА; 27-годишната скопјанка со тешки повреди е пренесена на Клинички
27-годишна скопјанка била тешко повредена откако во неа со возило удрил млад возач.
Несреќата се случила на вчера околу 22:50 часот, на булеварот Св. Климент Охридски во Скопје. Патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.С. од Скопје, удрило во пешакот А.О. (27) исто така од Скопје.
„По ударот, А.О. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што е задржана на натамошно лекување. По пријавувањето на настанот во полицијата, извршен бил увид на местото на несреќата, а за настанот бил известен јавен обвинител. Истрагата продолжува согласно утврдените факти и околности“, изјавија од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…