Тирана под полициска опсада поради натпреварот Албанија – Србија: Долги цевки, шок-бомби и анти-дронови
Главниот град на Албанија, Тирана, е под засилени безбедносни мерки поради натпреварот од квалификациите за Светското првенство во фудбал 2026 меѓу Албанија и Србија. Околу 2000 полицајци, вклучувајќи специјалните единици РЕНЕА и антитерористички тимови, ги обезбедуваат улиците и трасата на српската репрезентација, која под силна полиција пристигна во градот.
Со долгите цевки, шок-бомбите и сузавецот во приправност, полицијата го контролира движењето на играчите и гледачите, а улиците околу стадионот „Арена Комбетаре“ ќе бидат делумно затворени. Забранет е пристапот за српските навивачи, а на влезовите ќе се вршат детални контроли за да се спречат пиротехнички средства и провокативни транспаренти.
Овие безбедносни мерки се одраз на минатогодишните инциденти, особено онаа познатата случка од 2014 година кога натпреварот во Белград беше прекинат поради дрон што носеше албанска знаме, што предизвика немири и судири на теренот.
И покрај тензиите, од двете страни има повици за спортско однесување и мир. Претседателот на Албанскиот фудбалски сојуз, Арманд Дука, ги повика навивачите да ја доживеат средбата како спортски настан, додека селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, истакна дека Албанците се „фудбалски пријатели“ и не очекува проблеми.
Натпреварот во Тирана е внимателно следен како регионално и европско прашање, особено со оглед на плановите за заедничко домаќинство на Европското првенство за играчи до 21 година во 2027, што би можело да придонесе за намалување на политичките тензии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…