Тито Петковски за забраната кон Лавров: Ова е симболичен почеток на Трета светска војна

t

Мора да има политика. Целиот живот е организација на политика. Мислам дека ниту една земја нема да биде заобиколена во оваа ситуација. Ова е глобална војна и симболичен почеток на Трета светска војна. Умира еден период од глобализација и тие последици ги чувствува и Македонија, вели поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски за забраната за прелет на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров над воздушниот простор на Македонија.

Според Петковски, САД и Русија со години сакале да пенетрираат на Балканот.

-Многу интереси се прекршуваат на Балканот. Ова е јасно ставено до знаење дека Русија не се откажува. Сега се чини сѐ за да не се случи и второто групирање во насока на ЕУ и целиот Западен Балкан да се интегрира. Oвој регион е интересен за сите. Глобалната поделба отсекогаш била овде да доминираат САД, отколку Русите. Традиционално добрите односи на Србија со Русија, ширум ги отвори вратите за интервенција на Руската федерација, што за нив се покажа како правилна ориентација, додава Петковски во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров ја објави главната закана која доаѓа…

Главната закана доаѓа од силите на Запад…

45 години од смртта на Тито

Долгогодишниот лидер на социјалистичка Југославија, Јосип Броз…

Вучиќ: Гробот на Тито нема да биде…

Гробот на Јосип Броз Тито нема да…

Десет илјади луѓе се собраа во Кумровец…

Традиционалната манифестација во Хрватска „Ден на младоста…

(Видео) Тито раскажува за времето кога бил…

Старо интервју на Тито каде раскажува за…