ТОЛКУ БЕШЕ: Иран го прогласи нападот на Израел за завршен
Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили Мохамад Багери вели дека Иран со оваа операција ги „постигнал сите свои цели“ и дека доколку Израел не одговори, не планира понатамошни операции, пренесува Тасним.
Тој додаде дека нападот не бил насочен кон цивилни или економски интереси, туку кон воени средства, особено разузнавачката база на планината Хермон, која беше користена за напад на иранскиот конзулат во Сирија, како и на воздушната база Неватим во пустината Негев, од кои биле лансирани израелски борбени авиони кои го гаѓале конзулатот.
Багери рече дека двете цели се „значително оштетени“ и предупреди дека Иран е способен да изврши „десет пати посилен напад“.
Иран лансираше околу 300 дронови и крстосувачки и балистички проектили кон Израел во досега невиден напад, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ), додавајќи дека 99 отсто од нив биле соборени од израелските противвоздушни системи и од сојузниците во регионот. Досега има информации за едно повредено лице и за мали штети во една воена база во јужен Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…