Толку од пријателството: Грција и Србија “се спукаа” околу Косово?!
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, одби да учествува на Економскиот форум во Делфи поради неутралната позиција на Грција во Советот на Европа при гласањето за членство на Косово во таа организација, дознава Спутник од дипломатски извори.
Барањето на Косово за прием во Советот на Европа во понеделник беше проследено до Парламентарното собрание на таа организација на понатамошна процедура. За таа одлука гласаа претставници на 33 земји, седум беа против (Србија, Азербејџан, Грузија, Романија, Кипар, Шпанија и Унгарија), додека пет беа воздржани (Грција, Словачка, Молдавија, Украина и БиХ). Ерменија не гласаше.
За грчкиот став за гласањето во Советот на Европа се изјасни и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, кој изјави дека Грција мора секогаш да промовира мир и стабилност на Балканот, поддржувајќи заемно прифатливи чекори и решенија.
Грчките медиуми се осврнаа и на ова прашање, посочувајќи дека „владата на Мицотакис успеала да ги наруши дипломатските односи со традиционално пријателската земја Србија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…