Објавено на:

Толку од санкциите: Британија ќе овозможи плаќање на рускиот гас преку “Гаспромбанк”

t

Велика Британија овозможи до крајот на мај плаќање на гас наменет за Европската Унија во трансакциите со руската „Гаспромбанк“ и нејзините подружници, се наведува во документот на Министерството за финансии.

Дозволата им овозможува на физичките и правните лица да продолжат со плаќањата според договори кои почнале до 21 април и активности како што се отворање и затворање банкарски сметки за целите на таквите плаќања, се вели во документ објавен на интернет.

Во документот не е прецизирано која компанија побарала дозвола да работи со руска банка, санкционирана во Британија, но не и во ЕУ.

Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на март наложи дека „непријателските“ земји од почетокот на април мора да плаќаат за рускиот гас преку „Гаспромбанк“, која уплатените странски валути ги продава на аукција и ги враќа приходите во рубљи на снабдувачот со гас.

„Непријателски земји“ ги вклучуваат членките на ЕУ, Велика Британија, САД, Швајцарија и други земји кои воведоа санкции кон Русија поради нејзината воена акција во Украина, блокирајќи го пристапот на руските банки до меѓународниот платен систем.

Европската комисија оцени во интерна, техничка белешка, објавена во средината на април, дека купувачите од ЕУ ќе ја изгубат контролата врз своите пари со прифаќање на механизмот и на крајот ќе ги прекршат санкциите.

Процесот би бил целосно контролиран од Русија, а европските компании би ја изгубиле контролата врз парите во моментот на плаќањето, што значи непредвидливи дополнителни трошоци, се вели во белешката на Комисијата во која „Ројтерс“ имал увид.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во посебна изјава денеска порача дека одлуката на Британија да и дозволи на „Гаспромбанк“ да врши плаќања до крајот на мај не ги променила плановите на Русија за плаќање на гасот во рубљи.

Сите рокови за плаќање се наведени во претседателскиот указ од крајот на март, а купувачите мора да ги подмират обврските согласно тој указ – нагласи Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Испораките на руски гас во Кина ќе…

Русија и Кина разговараа за прашањето за…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…