Томас Милер се прости од репрезентацијата на Германија по поразот од Шпанија
Минималниот, но претешкиот пораз на Германија од Шпанија на Европското првенство беше последниот танц на Томас Милер во дресот на националниот тим, бидејќи на 34-годишна возраст сам стави крај на кариерата во дресот со националните бои.
Не станува збор за некаква емотивна одлука, поради големото емотивно празнење по примениот гол во претпоследната минута од судиското продолжение на четвртфиналното дерби, бидејќи искусниот напаѓач го најави тоа непосредно пред почетокот на ЕУРО.
„Да, сосема е сигурно дека ова беше мојот последен натпревар за Германија“, потврди играчот на Баерн во изјава за медиумите, веднаш по неговиот 131 настап во репрезентацијата домаќин на актуелното натпреварување.
За Германија дебитираше во 2010 година и оттогаш има постигнато 45 гола. Во 2014 година со репрезентацијата беше светски шампион во Бразил. Во својата кариера настапуваше само за Баерн чиј член е од 2000 година и за тоа време забележа 707 настапи и постигна 242 гола.
Покрај Милер, од играњето за својата земја се прости и Тони Крос, кој се пензионираше на 35-годишна возраст, по 114 натпревари и 17 гола во дресот на Германија. Разликата е што Крос се прости од фудбалот воопшто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…