Томовски: Не се предвидени казни ако не се заменат таблиците на службените возила
Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата,Ивица Томовски, денеска пред медиумите рече дека Правилникот не предвидува казни, но дека е убеден дека јавниот сектор и администрацијата тоа ќе го испочитува.
– Им дадовме насоки и препораки на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде еден втор повик. Од онаа бројка со која располагаме – броиме од 7 до 7,5 илјади возила. Немаме точна бројка бидејќи немаме соодветен регистар со кој располага државата, рече меѓудругото првиот човек на службата.
Томовски додаде дека први што веќе го сториле тоа се Владата, Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа. До 29 септември е крајниот рок пред почетокот на изборната кампања тоа да се направи доколку обврзаните институции имаат пречки тоа да го сторат до 15 септември.
Беше најавено дека ќе биде отворена и телефонска линија, каде граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба на службените автомобили. Се потенцираше дека секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Томовски: Не се предвидени казни ако не…
Сите државни институции и јавни правни лица…
МВР го потврди настанот, запален станот на…
Ноќеска во 03:20 часот во СВР Скопје…
Осудениците ќе учат земјоделие, на затворските одделенија…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан…
(Видео) Хаос во Непал запалени домовите на…
Премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли,…
Див Запад: Украдени две бронзени бисти од…
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје,…