Објавено на:

Топката со која ќе се играат полуфиналето и финалето на ЕП е поврзана со ВАР-собата

t

Во вторник од 21.00 часот ќе се игра првото полуфинале на Европското првенство во Германија меѓу фудбалските репрезентации на Шпанија и Франција на „Алијанц арена“ во Минхен.

Втората полуфинална пресметка е закажана за в среда (21.00 ч.) помеѓу селекциите на Холандија и Англија на стадионот „Вестфален“ во Дортмунд. Финалето ќе се игра на 14 јули во истиот термин на Олимпискиот стадион во Берлин.

Наместо досегашната „Фусбаллибе“ (превод, „љубов кон фудбалот“), со која се играа сите мечеви, последните натпревари на ЕП ќе се играат со нова топка. „Адидас“ подготви нова топка, наречена „Фусбаллибе финале“ за одлучувачките дуели.

Топката за полуфиналните натпревари и финалето на ЕУРО е различна и визуелно и технички. Додадени се нови детали во дизајнот на топката со која се играше досега, така што практично веќе нема бела површина, туку сега е сребрена и ја симболизира бојата на пехарот.

Има и детали кои ги надополнуваат црвената, златната и црната боја и кои го претставуваат домаќинот на првенството.

Што се однесува до техничките работи, новата топка има технологија која е директно поврзана со ВАР-собата во која ќе испраќа податоци во реално време. Така, заедно со вештачката интелигенција, треба да придонесе за подобрување на технологијата за автоматски офсајд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победникот на вечерашното европско првенство ќе добие…

Шпанската фудбалска репрезентација вечерва има можност да…

Ѓоковиќ во финале на Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ…

Топката со која ќе се играат полуфиналето…

Во вторник од 21.00 часот ќе се…

Заврши првото полуфинале на Евровизија: Две балкански…

Под мотото „Обединети од музиката“, вечерва започна…

(Видео) ДЕЛИРИУМ НА ТРИБИНИТЕ: МЕСИ И МБАПЕ…

Неверојатно мундијалско финале се игра моменрално во…