Топлотен удар и сончаница не е исто: Како да ги разликувате?
Во Македонија е во тек топлотен бран, при што често се јавуваат здравствени проблеми поради високите температури.
Треба да се направи разлика помеѓу овие состојби – сончаница, топлотен удар и топлотна исцрпеност.
Сончаница се јавува од прекумерна директна изложеност на сонце, првенствено на главата и вратот. Започнува со силна главоболка и зголемување на телесната температура. Често може да се јават умор и мачнина, поспаност и вртоглавица, зуење во ушите или краткотрајно губење на слухот, а кај постарите лица често може да дојде до губење на свеста. За да спречите сончаница, најважно е да избегнувате продолжено изложување на сонце и да ја покриете главата со соодветна капа или платнен чадор во светли бои. Ако е можно, главата и вратот треба повремено да се ладат со мокра крпа.
Доколку се случи човек да добие сончаница, пред сè, веднаш треба да се отстрани од сонцето во просторија која е проветрена, но разладена и затемнета. После тоа, лицето треба да се истушира и да пие што почесто во мали количини. Не треба да се изложува на сонце во наредните денови.
Доколку симптомите продолжат или се влошат, неопходно е да се консултирате со лекар.
Доколку здравствените услуги не се достапни или е потребно повеќе време за да се обезбеди стручна помош, неопходно е да се направи следново:
• Веднаш отстранете го лицето од сонце или прегреаната просторија и отстранете ја целата вишок облека
• Измијте го или туширајте го, но не со премногу ладна вода. Ако водата не е достапна, изложете го лицето на проток на воздух (на пр., ладење со вентилатор)
• Дајте му течности, доколку состојбата го дозволува тоа.
Најдобро е да избегнувате движење при високи температури во следните недели, до одобрение од лекар.
За време на топлите денови можна е и топлотна исцрпеност која настанува како резултат на прекумерна физичка активност во услови на покачена надворешна температура и влажност на воздухот. Се манифестира со зголемено потење, грчеви во мускулите, главоболка, повраќање, нарушена видна острина, пад на крвниот притисок и слабост, како и губење на свеста.
Во случај некој да има симптоми на топлотна исцрпеност, треба да се премести во сенка, во проветрена просторија, да се даде вода или благ чај и да се стават ладни облоги на главата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…