Топлото си го направи своето: Зголемен број на интервенции на итната медицинска помош
Во Итната медицинска помош во Скопје деновиве е зголем бројот на повици, а денеска, за разлика од другите денови, има многу интервенции на јавни места, но не само за колапси од топлото време, изјави за МИА д-р Ѓорѓи Карамановски, одговорен на смена во ИМП.
Во цела недела, како што рече, имало повеќе сообраќајни незгоди, минимум по пет до шест во текот на денот, а бројот на колапси бил од четири до пет.
-Денеска нема нешто што е екстремно, сообраќајките се помалку, од утрото има две со полесни повреди. Колапсите се стандардно колку што се секој ден. Но има многу интервеции на јавни места, и тоа не се само колапси, туку и повредени, паднати итн. Имаше превртен од трактор во село Смесница во Зелениково, епи-напад во Градски парк, рече д-р Карамановски.
Колапсите се должат, најверојатно, на топлото време и поради тоа што граѓаните не ги слушаат препораките да се избегнува излегување кога е најжешко.
На пример сега, во 13.15 часот, имаше колабирана на Зелен пазар. И тоа беше помлада госпоѓа, која очигледно не ги почитувала препораките што ги упатуваме преку јавните медиуми и во 13.15 излегла да пазари, рече одговорниот доктор на смена во ИМП.
И сообраќајките денес, во кои нема потешко повредени, според лекарот, можеби се последица и од намалена концентрација.
Повредите се полесни. Очигледно намалена концентрација, сите брзаат некаде, топлото време си го прави своето, исто како и динамичниот живот, додава докторот.
Тој укажува да се почитуваат здравствените препораки – во овој период не се излегува, се зема доволно количина течности, се носи лесна и светла облека, капи, очила за сонце.
Поради годишните одмори, Итната медицинска помош работи со редуциран број екипи на терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден: САД се приближуваат кон крајот на…
Рускиот претседател Владимир Путин „заработува“ со тоа…
Бајден вети 200 милиони долари за Украина…
Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…
Фајненшл Тајмс: Земјите на ЕУ го разгледуваат…
Со оглед на тоа што Унгарија е…
Вчера на 112 во ЦУК регистрирани 1.690…
Изминатото деноноќие имало 1.690 повици кон Единствениот…
Вжештени телефоните во ЦУК: над 2 илјади…
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК),…